Мегабомба: Бизнисмен кој сака да го купи Марсеј најавува дека ќе ги ангажира Зидан и Роналдо

Француско-тунискиот бизнисмен Мохамед Ајаши Ажруди, кој сака да го купи фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј, ги откри своите планови и амбиции во интервју за весникот „Ле Фигаро“. Негов сон е во Марсеј да ги донесе Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо.

„Ми се допаѓа германската дисциплина, особено таа на Баерн Минхен. Ја почитувам играта на Барселона, а играч кој никогаш нема да го заборавам е Кристијано Роналдо. Ми се допаѓаат неговите дисциплина и респект. Дали сонувам да го донесам во Марсеј? Во животот сè е можно. Би било исполнување на сонот ако успеам“, вели Ажруди.

За тренерското место тој смета дека актуелниот Андре Вилаш-Боаш е добар, но повеќе сака екипата да ја води Французин. На прашањето дали мисли на Зинедин Зидан, кој е роден во Марсеј, тој се насмеа и даде загонетен одговор.

„Иднината ќе ни каже што ќе се случува“, рече Ажруди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести