19.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Мегадерби во Струга, домашните против првакот ја бранат перфекцијата

Тиквеш е фаворит против Шкупи, а дербито е Струга Трим Лум – Шкендија, во денешните два меча од Првата македонска фудбалска лига.

Струга има максимални 15 бода по првите пет рунди, има примено само еден гол, но на мегдан ќе се исправат против актуелниот првак Шкендија, која исто така нема пораз, но еднаш играше нерешено.

Басиру Компаоре од Струга игра во феноменална форма од почетокот на сезоната, постигна гол на сите пет натпревари од првенството досега, а на дел од нив беше и двоен стрелец. Тоа го прави најефикасен фудбалер во лигата со седум постигнати погодоци.

- Оглас -

Најнови вести