Денешната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Велика Британија, која од 16 часот ќе се вози на патеката Силверстоун, би требало да биде интересна и неизвесна, со оглед на вчерашните случувања во квалификациите.
На пол-позиција е Карлос Саинс од Ферари, Шпанецот првпат во кариерата е во ваква позиција. Веднаш до него од првиот ред ќе стартува шампионот Макс Ферстапен од Ред Бул, кој вчера беше исвиркан од британската публика бидејќи е ривал на нивниот миленик Луис Хамилтон. Ако врне дожд или се менуваат условите, неблагодарно е да се прогнозира победникот, но Sport Life е тука со богата понуда, па може да типувате и на многу други игри.
Освен на победник на трката, а прв фаворит за победа е Ферстапен, може да се обложите и кој пилот ќе има најбрз круг, може да типувате победник во предложените дуели, на пример, дали Леклер ќе биде пред Саинс или обратно.
Може да се обложите од кој стартен ред ќе биде победникот, кој ќе има најбрз круг, кој прв ќе се откаже.
Интересна е понудата и дали ќе се појави безбедносното возило на патеката. Ретки се трките на кои сè е чисто, и нема потреба од „сејфти кар“, па затоа и квотата дека ќе има безбедносно возило, е 1.35.
Ако погодите кој пилот прв ќе влезе во бокс, може одлично да заработите, квотите се огромни. А, ако сте за тимски прогнози, тука се понудите од која екипа ќе биде победникот на трката, и од кој тим двата болиди ќе ја завршат трката.