Голем скандал го потресе Европското првенство за ракометарки откако од репрезентацијата и Федерацијата на Србија се пожалија дека биле шпионирани од домаќините во нивната група, Словенија.
Пред мечот со Србија, Словенците со мобилни телефони и iPad уред скриени во кутија го снимале тренингот на ривалите и тоа им помогнало добро да ги скаутираат и потоа да ги победат за пласман во втората фаза.
Претседателката на ракометниот сојуз на Србија, Милена Делиќ, покажа фотографии на кои во ложата се гледа кутијата со дупка која е свртена кон теренот и мобилни телефони внатре.