Селтик и Ренџерс приредија вистинско уживање за љубителите на фудбалот во финалето на шкотскиот Лига куп. Откако во регуларните 90 минути резултатот беше 3-3, се играа уште дополнителни 30 минути во кои немаше гол, па победникот мораше да биде одлучен на пенали.
Во пенал рулетот, поуспешни беа Келтите со 5-4. Каспер Шмајхел во четвртата серија му го одбрани шутот на Ридван Јулмаз. Ова беше 17-ти пат глазговските ривали да играат меѓусебе во финале на Лига купот.
За Селтик ова е 119-ти трофеј во клупската историја, повеќе од нив има само египетски Ал-Ахли. До денеска, двата ривали беа изедначени со по 118 освоени пехари. Селтик во 2024 година има само еден пораз на домашна сцена.