24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Мега засилувањето промовиран во дресот на Челзи

Бразилецот Тијаго Силва го облече дресот на Челзи. Фудбалерот кој има речиси 30 трофеи во клупската и репрезентативна кариера, беше промовиран „Стемфорд Бриџ“. Челзи многу добива со доаѓањето на Силва, а посебно значајно е што за овој играч англискиот клуб не плати ни едно евро.

„Многу сум среќен што се приклучив на Челзи. Возбуден сум што ќе бидам дел од тимот на Франк Лампард. Тука сум затоа што сакам нови предизвици. Се радувам што ќе играм на „Стемфорд Бриџ“, вели играчот кој во претходните осум сезони играше за ПСЖ.

Силва кој ги бранел боите и на Милан, Флуминезе и Динамо Москва, во клупската кариера има освоено 26 трофеи. Со доаѓањето на Силва, Челзи само го зголеми бројот на одлични засилувања во летниот преоден рок. Во изминатиов период за Челзи потпишаа и Тимо Вернер, Хаким Зијеш, Бен Чилвел и Маланг Сар. Се очекува комплетирањето на новите играчи во Челзи да биде со доведувањето на Каи Хаверц.

- Оглас -

Најнови вести