Згрме ждрепката во Лигата на Европа – Ѓаволски добра ќе биде пресметката меѓу Манчестер и Милан

Манчестер јунајтед против Милан е мегапресметката во осминафиналето во Лигата на Европа, а двомечот на двата гиганти ќе се игра на 11 март во Англија и на 18 март во Милано.

Двете екипи што заедно имаат 10 европски круни, Милан 7 и Манчестер јунајтед три, во меѓусебни возбудливи дуели ќе одлучат која екипа ќе продолжи да игра за титулата во Лигата на Европа.

Единствениот тим каде што играат наши фудбалери, Динамо Загреб, ќе игра против Тотенхем, па Аријан Адеми и Стефан Ристовски очекуваат интересни, но и тешки дуели против премиерлигашот за пласман во четвртфиналето.

Двојки, осминафинале на 11 и 18 март:

Ајакс – Јанг бојс

Динамо Киев – Вилјареал

Рома – Шахтар

Олимпијакос – Арсенал

Динамо Загреб – Тотенхем

Манчестер јунајтед – Милан

Славија Прага – Глазгов ренџерс

Гранада – Молде

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести