Мегаразмени во НБА лигата: Лилард оди во клуб со којшто ќе атакува на титулата

Еден од најдобрите поентери во НБА-лигата, Демијан Лилард, конечно има нов клуб. Искусниот 33-годишен Лилард во новата сезона ќе биде играч на Милвоки бакс, јавуваат доброупатени американски извори.

Портланд и Милвоки ја договориле размената на играчи во која е вклучен и трет клуб, а тоа е Феникс санс. Токму во Феникс санс ќе замине Јусуф Нуркиќ, додека Портланд ќе ги добие Холидеј од Милвоки и Ајтон од Феникс.

Лилард отворено настојуваше да си замине од Портланд, тим во кој ја помина досегашната цела НБА-кариера од 11 години. Милвоки со доаѓањето на Лилард ќе добие една суперѕвезда која сигурно ќе биде голем адут во трката за титулата во сезоната која треба да започне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести