Меѓу последните го прекинаа првенството, па и меѓу последните ќе продолжат

Клубовите во турското фудбалско првенство се надеваат дека во средината на јуни ќе продолжат со натпреварите од прекинатата сезона. Супер лигата во Турција беше една од последните кои се играа пред да капитулира на 17 март и да бидат прекинати натпреварите.

Од Коронавирусот во Турција досега се заразени преку 100.000 луѓе, а бројот на починати е преку 2.600 луѓе.

„Ние имаме согласност првенството повторно да продолжи во викендот од 12 до 14 јуни. Во еден таков план, нашата цел е првенството да заврши до 26 јули. Многу веројатно е дека дуелите ќе се играат пред празни трибини“, изјави директорот на Асоцијацијата на клубовите Мехмет Сепил.

- Оглас -

Најнови вести