Мегваер остана без возачката дозвола, ќе мора да си бара личен возач

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, во следниот период ќе мора да си најде личен возач или можеби да се вози со такси, бидејќи британскиот суд му ја одзеде возачката. Тој е казнет со забрана за управување на моторно возило во следните 56 дена, а ќе мора и да плати парична казна од 1.052 фунти.

Мегваер на петти март минатата година бил фатен како вози со брзина од 135 километри на час, на место каде што е дозволено да се вози само 80 километри на час. Фудбалерот пред судот ја признал вината, но правилата во Велика Британија важат за сите, па фактот дека е репрезентативец и фудбалска ѕвезда не му помогнаа да се спаси од казна.

- Оглас -

Најнови вести