Мегваер се извини за направените грешки, но чудно е која фотографија ја одбра за тоа

Стоперот на англиската репрезентација Хари Мегваер имаше уште еден очаен натпревар во ремито против Германија (3:3), во Лигата на нациите. Мегваер направи пенал по кој Германија поведе со 1:0, а потоа беше и главен виновник за вториот погодок на Панцерите.

Мегваер им се извини на навивачите преку „Инстаграм“, и тоа ставајќи фотографија од Хари Кејн и останати англиски репрезентативци како се радуваат.

„Грешките се составен дел од играта и се извинувам поради тие грешки. Покажавме одлична борбеност и дух успевајќи да се вратиме во игра. Треба да се извлечат позитивни поуки и да се гледа напред кон Катар. Тешките времиња ќе не направат посилни“, гласи пораката на Мегваер.

- Оглас -

Најнови вести