Фудбалерот на Лестер и англиски репрезентативец, Хари Мегваер, се пофали дека станал татко на ќерка која ќе се вика Лили Сент, но по социјалните мрежи повеќе внимание предизвика податокот дека детето се роди точно девет месеци по победата на Англија над Колумбија на Мундијалот во Русија.
Вереницата на Мегваер, Ферн Хокинс, со која е во врска седум години, беше присутна на трибините во Русија кога „Гордиот Албион“ на пенали ги совлада Колумбијците. Очигледно дека славењето по триумфот било големо и дека малата Лили Сент која се роди вчера, била зачната токму тогаш. Интересно е што заљубената двојка криеше од јавноста дека Ферн е бремена, па многумина се изненадија кога се објави веста дека Хари станал татко.