Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ќе му ја одземе капитенската лента на Хари Мегваер во следната сезона. Според пишувањата на британските медиуми, Мегваер сигурно нема да биде предводник на тимот во следната сезона, туку таа чест ќе му припадне на голманот Давид де Хеа.
Де Хеа веќе 11 сезони е дел од тимот од „Олд Трафорд“. Досега има брането на 484 меча, а во новата сезона со капитенската лента на раката ќе чека да го прослави јубилејниот 500-ти настап за Црвените ѓаволи.
Според Тен Хаг, токму шпанскиот голман со својата лојалност кон клубот и константноста во играта, најмногу заслужува да биде капитен на играчи како што се Роналдо, Кавани, Матиќ, Рашфорд, Марсијал…
Манчестер сезонава игра очајно и речиси сигурно е дека нема да обезбеди место во Лигата на шампиони за следната сезона, па Де Хеа ќе биде капитен на екипа која ќе игра во Лигата на Европа.