Во премиерниот натпревар од 32-то коло, Евертон дојде до значајни три бода во борбата за опстанок, откако на домашен терен го победи Манчестер јунајтед.
Стрелец на единствениот гол кој се испостави победоносен е Ентони Гордон во 27-та минута, но, во голема мера „кумуваше“ хари Мегвајер.
Додека топката беше во лет по ударот на играчот на „карамелите“, таа го промени правецот откако удри во дефанзивецот на Манчестер јунајтед кој што и онака е мета на критики, за потоа да го измами Давид де Хеа, кој беше немоќен.
Но, и целиот тим на „црвените ѓаволи“ одигра катастрофално, бидејќи во размер од 13 та до 78-та не упатија ниту еден удар во рамките на голот, а со овој пораз сега се чекор подалеку од пласманот во Лигата на шампионите.
Тие остануваат на 51 бод сега по 31 натпревар и во моментов се на делба на седмото место, додека Арсенал и Тотенхем кои се главни конкуренти имаат по 54, но „топчиите“ имаат два натпревари помалку, додека Тотенхем еден меч помалку.
Harry Maguire 😭😭
— n (@nourmcfc) April 9, 2022