Познато е дека најбрзи раце во Формула 1 имаат механичарите во пит-стопот на тимот Ред Бул, но она што го направија тие во Силверстоун досега не беше видено. Четирите гуми на болидот на Макс Ферстапен ги сменија само за 1,91 секунди, што е нов светски рекорд.
Досега никој не менувал гуми за помалку од две секунди, но тоа им успеа на механичарите кои веднаш си честитаа бидејќи знаеја дека без ниту најмала грешка го изведоа целиот процес. Ваквото менување гуми кај Ред Бул беше и една од причините што Ферстапен се најде половина метар пред Шарл Леклер кога заедно влегоа во бокс, а пред да влезат, пилотот на Ферари беше во предност.
Погледнете од повеќе агли и во забавена снимка како изгледа да се извадат едни и стават други гуми за помалку од две секунди:
Gone in 1️⃣.9️⃣1️⃣ seconds!
A. NEW. WORLD. RECORD!!!
👏👏👏 @redbullracing#BritishGP 🇬🇧 #F1 @DHL_Motorsports pic.twitter.com/5n1dliB0TX
— Formula 1 (@F1) July 15, 2019