Мејсон Гринвуд ја претепал девојка му, се огласија и Црвените ѓаволи (Видео)

Девојката на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, објави фотографии на кои се гледа дека има крв на лицето и модринки по телото, и тврди дека била нападната од нејзиното момче.

Хериет Робсон објави и аудио снимка на која се слуша како таа и 20-годишниот Гринвуд се караат бидејќи тој сака да имаат секс, а таа одбива.

„Еве сите нека видат што ми прави Мејсон“ – напиша девојката.

Од Манчестер јунајтед објавија соопштение дека ги следат настаните, знаат за фотографиите и снимките, и осудуваат секаков вид на насилство, но нема да коментираат додека не се утврдат сите факти.

По социјалните мрежи почнаа коментари дека наскоро ќе има манчестерско дерби и во затвор, помеѓу Гринвуд од Јунајтед и Бенжамен Менди од Манчестер сити.

https://twitter.com/i/status/1487682936283574273

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести