Престојот на Мејсон Маунт во Челзи завршува летово, и наскоро тој и официјално ќе се пресели во Манчестер јунајтед.
Црвените ѓаволи за 24-годишниот англиски фудбалер за врска, на Челзи му понудиле 60 милиони фунти, и тоа било прифатено од Сините, па сега само уште некои детали околу договорот треба да се финализираат и да се направат лекарските тестови, пред трансферот да биде официјализиран.
Договорот на Маунт со Манчестер јунајтед ќе биде со важност до 2028 година.