Мејведер со трофејот од италијанскиот Суперкуп

По победата на Јувентус над Милан во Суперкупот на Италија, во соблекувалната на славениците се појави и боксерот Флојд Мејведер. Американецот кој е познат по тоа што нема пораз во својата категорија и се расфрла со пари, овојпат сакаше да се фотографира со пехарот кој го освои Јуве и позираше со некои од ѕвездите во тимот, како Роналдо, Пјаниќ и Кјелини.

Кристијано Роналдо откако го освои својот прв трофеј како член на Јувентус, кажа дека условите за игра биле тешки поради топлото време во Џеда во Саудиска Арабија, каде што се одигра средбата.

„Условите беа многу тешки поради топлото време. Игравме добро, креиравме шанси, се разбира дека сум среќен што го дадов победничкиот гол и што оваа 2019 година ја почнав со трофеј. Ова ми е прва титула со Јувентис и драго ми е поради тоа. Ова е само почеток, одиме чекор по чекор. Серија А секогаш е примарна цел за Јувентус, на врвот сме, но сезоната е долга, мора да бидеме внимателни“, изјави Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести