Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер, реши дека е време да стави крај на кариерата. Мејведер, кој има 42 години, последната борба ја имаше пред две години, кога во Лас Вегас го победи Конор Мекрегор. Тоа беше јубилејна 50-та победа за Мејведер, кој ја завршува кариерата без ниту еден пораз.
„Неколку пати ме бараа да се вратам во рингот, но моето здравје е моето вистинско богатство. Боксот е многу брутален спорт“, рече Мејведер, потенцирајќи на неколкуте смртни случаи кои беа во последниве неколку месеци.
Се проценува дека во кариерата, Мејведер заработи повеќе од 1,5 милијарди долари, а освои вкупно 12 светски титули.