Мекени го засили Лидс во битката за опстанок, Американецот дојде од Јувентус како позајмен играч

Англискиот премиерлигаш Лидс објави дека го ангажирал Вестон Мекени од Јувентус како позајмен играч до крајот на сезоната.

Американскиот репрезентативец треба да биде значајно засилување на клубот од Јоркшир во битката за опстанок во Премиер лигата.

Договорено е 24-годишниот фудбалер да игра за Лидс до крајот на оваа сезона, а потоа ако ги задоволи вкусовите во таборот на премиерлигашот, да преговара за долгорочен договор.

Со доаѓањето на Мекени, Лидс ќе има дури тројца американски репрезентативци, а на Вестон за полесна адаптација ќе му помогаат Тајлер Адамс и Бренден Аронсон.

Лидс по 19 одиграни натпревари, односно точно на половина од англиското првенство е на 15-тото место со 18 бода и има само еден бод повеќе од Борнмут, и по два од Евертон и Саутхемптон, три екипи кои се најзагрозени и последни на табелата во Премиер лигата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести