МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш покажа кој ја диктира играта на домашната кошаркарска сцена. Во финалето од Купот на Македонија, кошаркарите на Васко Атанасов без милост го прегазија МКК Куманово со убедливи 96-70 и го одбранија трофејот, стигнувајќи до четврто последователно одличје, вкупно 14-ти куп-трофек.
Титулата МВП сосема заслужено замина во рацете на Мек Смит-Мекевен. Американецот одигра финале од висока класа, 23 поени, три асистенции и два скока, со индекс 26.
Кога натпреварот се кршеше, токму тој преземаше одговорност. Погодуваше во серија, креираше простор, носеше сигурност. Финалето го одбележа со печат на вистински лидер.
По пауза од четири години, странец повторно е МВП на завршниот турнир. Последен пат тоа беше Амир Смит од ТФТ во 2022 година. Во меѓувреме, признанијата завршуваа во рацете на домашни кошаркари како Војдан Стојановски, Дамјан Робев и Андреј Маслинко.

