Мекени е првиот Американец во Јувентус

Вестон Мекени и официјално ја комплетираше преселбата во Јувентус од редовите на Шалке 04.

Играчот за врска е позајмен на Бјанконерите во пресрет на новата сезона за 4,5 милиони евра, со тоа што Јуве има опција следното лето да го откупи неговиот договор за сума од 18,5 милиони евра. Трансферот може да достигне до вкупно 30 милиони евра, во случај да се активираат одредени бонуси за кои Јувентус ќе мора да доплати уште 7 милиони евра.

Мекени е првиот американски фудбалер во редовите на Јувентус, воедно е и прв ангажман за италијанскиот првак ова лето, односно за новиот тренер Андреа Пирло. Мекени стави потпис на договорот со Старата дама на денот кога го прослави својот 22-ри роденден.

https://twitter.com/juventusfc/status/1299808825642541056

- Оглас -

Најнови вести