Мекин го здрма лидерот во Англија, но не го нокаутира (Видео)

Џон Мекин го здрма лидерот во Англија, но неговата Астон вила не успеа да го нокаутира Манчестер сити и загуби со 1:2 на домашен терен.

Сега на популарните Граѓани во последните пет натпревари им требаат само уште 8 бода за да бидат нови шампиони на Англија.

Мекин беше стрелец на првиот гол на мечот, и тоа во првата акција и во 20-та секунда, што е втор најбрз гол што го примил Манчестер сити од 1992 година, откога постои Премиер лигата.

Само Алан Ширер во 2003 година беше побрз од Мекин и ја погоди мрежата на тимот од Манчестер само по 10 секунди од стартот на мечот, тогаш како играч на Њукасл.

Сепак, играчите на Сити вечерва брзо се вратија од почетниот шок и веќе во првото полувреме направија пресврт. Фоден и Родри со по еден погодок до 40-тата минута му донесоа важни бодови на лидерот во Англија.

Имаше и два црвени картони, по еден на двете страни. Џон Стоунс за првпат во кариерата доби црвен картон во премиерлигашки меч, а потоа во второто полувреме беше исклучен и домашниот играч Кеш, а голови немаше, па гостите славеа со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести