Конор Мекгрегор во полна пареа се подготвува за реактивација во УФЦ борбите и атак на шампионскиот појас во лесна категорија, непосредно по повлекувањето на Хабиб Нурмагомедов. Веќе извесно време се најавува битка меѓу Мекгрегор и Дастин Појре, доколку дојде до договор спекталот треба да се случи во јануари идната година.
Ирецот по сите изгледи е сериозен во намерата да се врати на врвот во една од најатрактивните категории, откако со видео на социјалните мрежи најави дека е подготвен до максимум да влезе во октагонот.
https://twitter.com/TheNotoriousMMA/status/1322165366555115522
Сепак, се чини дека Мекгерор како да чекаше Хабиб да се повлече, за да може да атакува на појасот кој моментално е во сопствеништво токму на Дагестанецот. Популарниот Орел со 29-0 ја заврши кариерата, со победата на Џастин Гејџи во Абу Даби стана старо-нов шампион во лесна категорија.