Џејк Пол, познат американски јутубер, пред неколку недели победи во ревијалниот бокс-меч против Нејт Робинсон, поранешниот НБА-кошаркар, а таа борба се најде меѓу топ 10 заработка и гледаност во изминатиов период.
Сега Пол сака ново шоу, и тоа ни помалку ни повеќе, туку против поранешниот шампион во УФЦ, Конор Мекрегор. Пол јавно го предизвика Ирецот објавувајќи видео на социјалните мрежи како нуди огромна сума пари за борбата да се одржи, а притоа упати навреди кон Мекрегор, како и кон првиот човек на УФЦ, Дејна Ват.
„Како си ирска пи*ко? Ти посакувам среќен понеделник матурбатору. Мојот тим ти испрати 50 милиони долари за да прифатиш борба во ринг со мене. За тебе ова е најголема понуда што си ја добил за да се бориш, но знам дека се плашиш. Не сакаш да загубиш од еден јутубер. Имаш еден бокс-меч и еден пораз, додека јас двапати победив. Мојата победа беше меѓу најгледаните во светот, а ти сакаш да се бориш со некој си Дастин, кој има помалку следачи од моето куче“, самоуверено предизвика Пол.
Ќе се види дали Мекрегор ќе прифати да се врати во рингот, односно да му одржи лекција на аматерот кој на секаков начин се обидува да придобие внимание.
Sign the contract @TheNotoriousMMA pic.twitter.com/xag5apMiQh
— Jake Paul (@jakepaul) December 14, 2020