За ќотекот кој го доби, Мекгрегор сега има суспензија и од УФЦ

Конор Мекгрегор ја загуби борбата на деценијата против Хабиб Нурмагомедов, а сега доби и суспензија од УФЦ. Ирецот делуваше инфериорно на борилиштето и на крајот, мораше да се предаде во четвртата рунда. По мечот, двајцата борци се тепаа со членови на противничкиот табор и сите се во исчекување на казните кои треба да ги добијат.

Сепак, пред тоа УФЦ реши дека од медицински причини е потребно да го суспендира Мекгрегор на еден месец, поради повредите кои ги здобил за време на мечот со Нурмагомедов. Овој период треба да е доволен за Ирецот целосно да закрепне, а потоа, секако, ќе може да се врати во рингот.

Оваа суспензија на Конор не му значи апсолутно ништо, бидејќи неговиот актуелен договор со УФЦ му е до 28-ми октомври, а во тој период нема закажано никаква борба.

 

- Оглас -

Најнови вести