2.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Мекгрегор го исмејуваше Џејк Пол поради скршената вилица, па го избриша коментарот

Ирската ултимејт фајт ѕвезда Конор Мекгрегор го исмејуваше американскиот јутјубер и блогер Џејк Пол по неговата борба против британскиот боксер Ентони Џошуа.

На 20-ти декември, Пол загуби од Џошуа со нокаут во шестата рунда и се здоби со скршена вилица.

„Фала му на Бога! Вилицата ми е скршена, но мозокот и ‘рбетот ми се добро. Никогаш не сум бил помотивиран. Среќен Божиќ на цел свет. Никогаш нема да престанам да се обидувам да бидам одличен. Гарантирано ќе пропаднете ако не се обидете“, напиша Џејк на социјалните мрежи.

„Точно! Бог е голем! Уживај во божиќните смутија брате“, одговори Мекгрегор, алудирајќи на неможноста на Пол да јаде цврста храна поради фрактурата и дека по скршеницата смее само да прима течности.

Подоцна тој го избриша невкусниот коментар.

- Оглас -

Најнови вести