Мекгрегор и Појре ќе се тепаат пред повеќе од 20.000 гледачи, влезниците распродадени за неколку секунди

Борбата меѓу Конор Мекгрегор и Дастин Појре ќе биде главен спектакл на УФЦ 264 настанот кој на 10 јули ќе се одржи во Лас Вегас. Ова еден од ретките спортски настани во светот на кој ќе присуствуваат повеќе од 20.000 гледачи со оглед на ситуацијата со пандемијата со корона-вирусот.

Влезниците за третата борба меѓу Ирецот и Американецот се распродадоа за неколку секунди, по што се очекува вистински спектакл во Градот на пороците. Првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт, ги потврди убавите вести, по што ќе се знае победникот од оваа трилогија.

Колку за потсетување, Појре го победи Мекгрегор во јануари годинава со нокаут во втората рунда, додека поранешниот шампион во лесна категорија памети победа во 2014 година.

https://twitter.com/danawhite/status/1383134439501221890

- Оглас -

Најнови вести