Конор Мекгрегор трет пат во третиот меч загуби од Дастин Појре, откако си ја скрши ногата непосредно пред крајот на првата рунда. Ирецот лошо згазна на левата нога и се здоби со скршеница, поради која борбата мораше да биде прекината, а Појре повторно беше прогласен за победник.
Иако седеше со скршена нога во рингот, Мекгрегор не престана да провоцира и да навредува. Освен стандардните навреди кон противникот, Мекгрегор овојпат реши да ја навредува и жената на Појре.
„Ова уште не е готово. Ќе го решиме ова и надвор од рингот. Не ми е гајле. Твојата жена ми праќаше приватни пораки. Еј мала, јави ми се. добро изгледаш…“, провоцираше Мекгрегор.
Conor McGregor is sitting in the cage, broken ankle, saying Dustin Poirier’s wife is in his DMs and that he’s not done with Poirier. pic.twitter.com/cZdw2lVbxC
— Sean Ross Sapp of Fightful.com (@SeanRossSapp) July 11, 2021
Тогаш во рингот влезе и жената на Дастин Појре, Џули, која не беше задоволна од таквото однесување на Мекгрегор. Џули се доближи до Конор и му покажа среден прст, што доволно зборува какво е нејзиното мислење за Ирецот.
Dustin Poirier’s wife Jolie gave Conor McGregor the middle finger during his post-fight interview 👀
Talk about ride or die. #UFC264 pic.twitter.com/53AP3nQkuI
— Chisanga Malata (@Chisanga_Malata) July 11, 2021