Мекрегор има тетоважа за која не знае што значи, ја направил кога бил „мортус“ пијан

Ирскиот борец Конор Мекрегор има еден куп тетоважи по целото тело, но навивачите можеби не забележале една тетоважа која е на неговата нога и за која е врзана интересна приказна.

Мекрегор првпат се тетовирал кога имал 20 години и тоа го сторил додека бил на Кипар. Таа тетоважа е на ногата и има напишано нешто на арапски јазик, па и Конор не знаел што значи.

„Тетоважата на левата нога е прва која ја имам направено. Тоа се случи на Кипар, бев премногу пијан и одлучив да се тетовирам за 20 долари. Не знам ни што пишува на ногата, може да е што било, не разбирам арапски јазик“, вели Ирецот, кој сепак одлучил да ја остави тетоважата таква каква што е, иако не знае што пишува на неа.

- Оглас -

Најнови вести