Мекрегор молеше за милост, а Хабиб збесна и скокна во публиката да се тепа (Видео)

Хабиб Нурмагомедов е борецот кој ја заврши кариерата со перфектен биланс. Имаше 30 меча во кои стигна до 30 победи, а најпозната му е победата над неговиот голем ривал Конор Мекрегор. Точно пред три години во Лас Вегас, Хабиб го победи Конор откако во четвртата рунда го „загуши“.

Овој меч имаше и предигра, откако неколку месеци претходно Мекрегор го навредуваше Нурмагомедов, а потоа го нападна и автобусот во којшто беше неговиот ривал. Кулминацијата се случи пред мечот, кога ирскиот борец го навредуваше семејството на Хабиб, но имаше и навреди на верска основа.

Хабиб молчеше, трпеше и експлодира во рингот. Го претепа противникот, а по завршиувањето на мечот, борецот од Дагестан буквално збесна. Нурмагомедов скокна од рингот директно во публиката, каде што сакаше да се тепа со спаринг-партнерот на Конор, Дилон Денис, кој постојано го навредуваше противникот.

Луѓе од таборот на Хабиб скокнаа во рингот и продолжија да го тепаат Мекрегор, а обезбедувањето едвај ја смирија целата ситуација.

Поради овој хаос, челниците на УФЦ ги казнија двајцата борци. Хабиб доби суспензија од девет месеци, плус требаше да плати половина милион евра, додека Мекрегор беше суспендиран на шест месеци, а паричната казна беше 10 пати помала, односно 50.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести