Досегашното гласање за ол-стар натпреварот, најавува дека навивачите сакаат да го видат дебитантот Лука Дончиќ во првата петорка. За некогашната НБА ѕвезда Трејси Мекгрејди, ова е непочитување кон играчите како Стеф Кари.
При последното објавување на резултатите за настанот кој ќе се игра на 17. февруари, Словенецот од Далас маверикс имаше 3.301.825 гласа, и далеку зад него се докажаните суперѕвезди Стеф Кари (2.979.080), Џејмс Харден (2.315.093) и Кевин Дурант (2.432.134).
Дончиќ е мега популарен во Европа, а во своите игри почна да ги воодушевува и Американците. Тој има просек од 20,3 поени, 6,7 скока и 5,1 асистенции по меч, бројки какви што многу ретко се гледаат кај дебитанти во најсилната лига на светот.
„Ајде ве молам, тоа е непочитување. Стеф Кари ја смени кошарката во оваа ера, навивачите не го почитуваат тоа. Како може Дончиќ да има повеќе гласови од Кари? Го нема ниту Харден. Се шегувате со мене? – се прашува Мекгрејди.
„Не велам дека Дончиќ не треба да биде ол-стар. Треба да биде. Но, не може да биде на листата пред сите овие момци кои веројатно не се толку омилени кај навивачите“ – додаде Мекгрејди.