Мекиќ се врати во МЗТ Скопје Аеродром

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ во новата сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром. Кошаркарскиот првак и крилниот играч се согласија на едногодишна соработка. За Мекиќ ова всушност е враќање во МЗТ, каде што и дебитираше на сениорската сцена. Тој го носеше дресот на аеродромци во периодот од 2014 до 2017 година, кога имаше настапи и во АБА-лигата и Еврокупот. Се радуваше на три титули во првенството и два трофеи во Купот.

По заминувањето од МЗТ, Мекиќ две сезони помина во дресот на Куманово, а една година играше и во Пелистер. Аеродромци пред неколку денови ги потврдија дека доаѓа и Филип Бакоч, а договорите ги продолжија капитенот Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко и Бојан Крстевски, како и тренерот Ѓорѓи Кочов.

- Оглас -

Најнови вести