Мекинро нема дилеми, Ѓоковиќ е совршен тенисер

Легендарниот американски тенисер, Џон Мекинро, кој на Вимблдон присуствува во улога на ТВ-коментатор, изјави дека за него, Новак Ѓоковиќ е најсовршениот тенисер на сите времиња.

За време на мечот меѓу Ѓоковиќ и Станислас Вавринка, за време на преносот беше запрашан од колегата, колку е далеку Ѓоковиќ да стане најсовршениот тенисер во историјата.

https://twitter.com/travel__Sports/status/1677419475795050496?s=20

„Па, тој за мене веќе е најсовршен. Дали мислите дека нема да му дадам оценка – пет. Погледнете го тој форхенд-винер. Новак има неверојатно, неговиот сервис е подобар од било кога, исто така и неговиот форхенд“, изјави Мекинро.

Американецот сепак успеа да му најде една слабост во играта.
„Новак е комплетен тенисер. Секој детаљ од играта заслужува оценка пет или пет плус, освен за смечот“, порача Мекинро.

Ниту српскиот тенисер не остана имун на убавите зборови од Мекинро и по мечот му се заблагодари.
„Благодарам за убавите зборови. Те сакам, Џон“.

- Оглас -

Најнови вести