Некогашниот тенисер и брат на славниот Џон, Патрик Мекинро, изјави дека очекува титулата на Отвореното првенство на САД да ја освои некој американски тенисер.
Главен фаворит е Јаник Синер кој има серија од 21 победи по ред на гренслемите кои се играат на тврда подлога, а после него најголеми шанси им се даваат на Карлос Алкарас кој победи неодамна во Синсинати, а на САД опен има една титула, и Новак Ѓоковиќ кој има четири титули во Њујорк. Во Sport Life, квотата за титула на Тејлор Фриц (лани играше финале на САД опен) или Бен Шелтон кои се главни американски адути, е дури 25.0.
„Мислам дека турнирот нема да го освои Синер, ниту Алкарас, ниту Ѓоковиќ. Типувам на еден американски играч, но нема да кажам кој“, рече Мекинро и предизвика големо внимание.
Во 2003 година за последен пат тенисер од САД го освои домашниот гренслем. Тоа му успеа на Енди Родик пред 22 години.