13.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Меколум броеше до 40 поени, во Јута покажаа што значи тимска игра (Видео)

Њу Орлеанс и Јута ја искористија предноста на домашниот терен и се тимовите кои се радуваа на победи во двата НБА-меча кои се одиграа ноќеска. Њу Ореалнс беше подобар од Сан Антонио со 126:117, во меч на кој блескаше Си Џеј Меколум. По отсуството на Зајон Вилијамсон, некогашниот бек на Портланд, ја презеде одговорноста на лидер во тимот и на крајот заврши со 40 поени, осум скока и девет асистенции.

Со овој триумф, Њу Орлеанс прекина низа од четири порази, додека Сан Антонио останува вториот најслаб тим на Западот само со десет победи во 31 натпревар. Џереми Сочан со 23 поени, девет скока и шест асистенции беше најефикасен кај Спарси на дуелот против Њу Орлеанс.

Јута џез со подобра игра во второто полувреме го победи Вашингтон со 120:112, а дури тројца играчи кај победничкиот тим беа со 20+ поени. Малик Бисли постигна 25 поени, Џордан Кларксон заврши со 23, а Лаури Марканен на крајот имаше 21 поен.

Кај Вашингтон, но и воопшто најефикасен на теренот беше Бредли Бел со 30 поени, а Кузма заврши со 21 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести