Оскар Пјастри и Ландо Норис ги освоија првото, односно второто место на трката за ГН на Шпанија и само за потврдија доминацијата на Мекларен оваа сезона. За Мекларен ова е прва победа на популарната „Каталуња“ од 2005 година, кога победата му припадна на Кими Раиконен.
Третата позиција му припадна на Чарлс Леклер од Ферари, кој во самиот финиш успеа да го мине актуелниот светски шампион, Макс Ферстапен, кој потоа беше минат и од Џорџ Расел и во тие моменти предизвика невиден инцидент.
Во моментите кога Расел успеа да го мине, Ферстапен го мина надвор од патеката, па беше казнет да мора да го пропушти, но кога го слушна тоа на радиото, намерно се удри во противничкиот болид, што секако дека не остана несанкционирано.
Актуелниот светски шампион беше казнет со 10 секунди, па на крајот ќе мора да се задоволи само со 10-тата позиција во Шпанија.
Изненадувачки, на петтата позиција заврши Хулкенберг, а по него следуваа Хамилтон, Хаџер, Гасли и Алонсо.