Болидите на Мекларен тимот од 2021 година повторно ќе возат со мотори на Мерцедес. Веста ја соопшти сопственикот на британскиот Формула 1 тим, Зек Браун. Мекларен и Мерцедес соработуваа од 1995 до 2014 година, а потоа посегнаа по агрегатите на Хонда, соработка која се прекина во 2017 година и од тогаш Мекларен вози со мотори на Рено.
Почнувајќи од 2021 година, на седумгодишната пауза ќе му дојде крајот, а Мекларен планира со моторите на Мерцедес повторно да се наметне меѓу најквалитетните тимови во Формула 1.
„Новиот договор со Мерцедес е важен чекор за нас кон враќањето на врвот. Мерцедес е лидер и како тим и како погонски агрегат, така што овој потег беше сосема логичен за нас.
Претходната соработка меѓу Мекларен и Мерцедес носеше големи успеси во првата деценија од 21 век. Мика Хакинен и Луис Хамилтон со тие болиди станаа светски шампиони. Инаку, актуелни управувачи со болидите на Мекларен се Карлос Сајнц и Ландо Норис.
McLaren Racing and Mercedes-Benz announce that the McLaren F1 team will be powered by Mercedes from 2021 until at least the 2024 season under a long-term agreement.
Find out more ⬇️
— McLaren (@McLarenF1) September 28, 2019