Мексико може да се гордее со новиот светски рекордер, барем кога се работи за возраста на фудбалерите. Жилберто Мора со 16 години и 265 дена стана најмладиот фудбалер кој освоил меѓународен трофеј на сениорско ниво, со што ги надмина рекордите на Ламине Јамал и Пеле.
Младиот фудбалер со селекцијата на Мексико дојде до трофејот на Голд купот, првенството на Северна и Централна Америка, а интересно, дебитираше дури во нок-аут фазата, откако ги пропушти трите меча од групата, а во финалето одигра 75 минути.
Мора настапува за екипата на Тихуана во првенството на Мексико и веќе ги има срушено сите рекорди во својата татковина. Настапува во средниот ред, но и како офанзивен играч за врска, а европските гиганти веќе се тепаат за неговиот потпис. Вредноста на 16-годишниот фудбалер во моментов се проценува на три милиони евра, но нема сомнеж дека таа ќе порасне неколкукратко додека наполни 18 години.