Организаторите на Светското првенство во Катар ги разочараа навивачите кога беше донесена одлука дека нема да смее да се пие алкохол на трибините додека ги бодрат своите миленици. Фановите наоѓаат различни начини да се обидат сепак да внесат алкохот на стадионот, но не секогаш обидот им е успешен.
Еден мексикански навивач на стадион за дуелот против Полска дојде опремен со двоглед, но тој не му беше потребен за подобро да го гледа мечот, туку сакаше да прошверцува алкохол на трибините. Обидот за шверц беше оригинален, но еден од членовите на обезбедувањето пред стадионот сфати за што се работи и констатира дека не се работи за двоглед за подобро гледање, туку место каде што се крие алкохол, па навивачот мораше да го предаде двогледот за да може да влезе на стадионот.
A Mexico fan tried to sneak in alcohol in binocularspic.twitter.com/uwr28DuRM5
— FIFA World Cup 2022 (@2022_QatarWC) November 24, 2022