Фудбалот секогаш е привлечен затоа што не се знае кога ќе се види некој неверојатен момент. Низ историјата се видени најразлични начин на постигнување голови, но тоа што го направи една фудбалерка во мексиканскиот шампионат е навистина чудо.
Лизбет Овал, која настапува за тимот на Тигре, постигна спектакуларен погодок на мечот против Гвадалахара. По еден центаршут, Лизбет на неверојатен начин свртена со грб кон голот, успеа да се фрли на земја и на необичен начин да ја удри топката, која заврши во голот, и тоа на совршен начин. Сите беа збунети од тоа како успеа овој удар да заврши во мрежата на Гвадалахара, и тоа за водство на Тигре од 1:0 во 75-тата минтуа.
La locura de gol de @lizbethovalle7.
Hey @fifacom_es te tenemos una nominada al premio Puskás. pic.twitter.com/TQIcKXK499
— Club Tigres Femenil 🐯 (@TigresFemenil) March 4, 2025