Мексиканската легенда на 37 години за првпат ќе брани во Серија А, Салернитана верува во Мемо

Гилјермо Очоа ќе брани за Салернитана до крајот на сезоната и за првпат во Серија А на 37-годишна возраст.

Легендарниот Мексиканец одлучи по три години да се врати во Европа откако во 2019 година од Стандард Лиеж си замина во Клуб Америка во својата земја.

Популарниот Мемо бранеше за Мексико на Мундијалот во Катар и стигна до 134 настапи за својата земја, со што е на шестото место со најмногу натпревари во историјата на оваа репрезентација.

Во Европа бранеше за францускиот Ажаксио од 2011 до 2014 година и имаше дури 114 настапи, па се пресели во шпанската Малага и бранеше во Ла Лига, но малку, за три години само 11 пати.

Беше и на позајмица во Гранада, па потоа од 2017 до 2019 во Стандард Лиеж и се врати во Мексико во редовите на гигантот Клуб Америка.

Сега пак се врати на Стариот Континент и очекува со Салернитана да обезбеди опстанок во Серија А.

Главен конкурент за место во стартните 11 на Очоа ќе му биде Луиџи Сепе, кој бранеше на сите 15 натпревари во првиот дел од сезоната.

Продолжението на првенството во Италија е закажано за 4 јануари, а тимот од Салерно ќе му биде домаќин на шампионот Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести