Мексикански боксер го удри судијата, продолжението на „акцијата“ стана хит (Видео)

Боксерски судија настрада за време на мечот помеѓу Марио Агилар и Брендон Глантон, но овој делител на правдата стана фаца број 1 после дуелот.

Судијата случајно доби силно лево кроше во брадата од Агилар, но и покрај тоа не падна на земја, туку малку се затетерави и продолжи да си ја врши работата како ништо да не било.

Фановите не беа толку воодушевени од нокаутот на Глантон над Агилјар во втората рунда, колку од издржливоста на судијата кој одлично го поднесе примениот удар во брадата.

- Оглас -

Најнови вести