Мексикански клуб ги претстави своите дресови, но еден „детаљ“ на ѕидот во заднина ја расипа работата (Фото)

Мексиканскиот второлигаш Минерос де Закатекас се прочу низ светот благодарение на (не)намерна грешка.

Клубот кој е формиран во 2014 година, преку ноќ стана популарен, а причина за тоа е сериозен гаф. При претставувањето на дресовите за сезонава, на едната фотографија фудбалерот позира пред ѕид на кој има нацртано машки полов орган.

Сликата стана хит на социјалните мрежи. Дали е грешка на маркетингот на клубот или намерно сакаа да предизвикаат внимание, не се знае, но сигурно е дека многумина слушнаа дека постои Минерос де Закатекас.

- Оглас -

Најнови вести