Мексико е новиот шампион на Централна и Северна Америка откако ноќеска во финалето од Голд купот славеше со минимални 1-0 против бранителот на титулата САД. Во мечот кој се одигра во Чикаго, на стадионот „Солџер филд“, избраниците на Тата Мартино ја освоија осмата, воедно и рекордна титула во ова натпреварување, благодарение на играчот за врска Џонатан дос Сантос.
Фудбалерот на ЛА галакси (инаку потекнува од школата на Барселона) во 73-тата минута ја реши средбата по одличниот контранапад којшто го започнаа неговите соиграчи, што беше доволно Мексиканците по осми пат да се радуваат на посакуваниот трофеј.
https://streamable.com/dtrzt
https://twitter.com/GoldCup/status/1148073433470816257