Мексико и Канада ќе ги заверат пласманите во четвртфиналето од Голд купот

Канада – Куба (00:01 часот – Голд куп, трето коло)

Репрезентацијата на Канада ноќеска има задача да го завери второто место во групата А и да се пласира во четвртфиналето од Голд купот. Против Кубанците не би требало да имаат проблеми, бидејќи Канада на хартија е апсолутен фаворит. Негуваат и позитивна традиција против селекцијата на Куба, Канаѓаните загубиле само еднаш во вкупно 9 меѓусебни дуели, додека триумфирале на шест од нив.

Во тие шест победи Канада по обичај постигнува по два гола, а ноќеска би требало да бидат и многу поефикасни.

Предлог тип: 1-4 гола (2.15)

 

Мартиник – Мексико (02 часот – Голд куп, трето коло)

Мартиник никако не ги памети по добро единствените два дуели против Мексико. Во 1993 година Мексиканците токму против оваа селекција ја оствари една од најголемите победи во Голд купот со 9-0, а пред шест години нивната втора средба заврши со 3-1. Вклучувајќи ги двете победи досега, Мексико има победничка серија од шест меча, а планот за ноќеска е со максимални девет бода од групната фаза да се оди во четвртфиналето.

Предлог тип: 5+ (2.50)

 

Хјустон  – Мисисипи Брила (02 часот – Втора лига на САД)

Лидерот од средојужната дивизија гостува кај најслабиот тим во обид да продолжи со низата победи врз Хјустон. Месецов овие две екипи се сретнаа двапати, и во двата меча Мисисипи се радуваше со 2-0 и 3-1. Тимот на Корпус кристи во претходното коло им ја расипа победничката серија на Брила од четири меча, така што им е време да се вратат на таа патека. Хјустон пак, во вкупно шест натпревари успеа само еднаш да освои три бода, a низата од три порази не ветува дека ноќеска ќе успеат да издвојат позитивен резултат.

Предлог тип: 4+ (2.20)

 

Сент Луис кардиналс – ЛА ејнџелс (01:05 часот – МЛБ лига)

Во крајната фаза на регуларниот дел од бејзбол сезоната во МЛБ лигата, екипите од Сент Луис и Лос Анџелес се во потрага по подобар пласман во своитедивизии. Сент Луис е шести во националната, Ангелите се деветти во американската лига, а трите последователни порази не се чекор кон подобрување.

Кардиналс е во турбулентна форма, во последните пет меча претрпеа два порази, но имаат две последователни победи и можеби токму тоа ќе биде мотив за ноќеска. Ако се гледа традицијата, Ејнџелс три години чекаат на победа против тимот од Сент Луис, кој пак се радуваше во последните пет меѓусебни дуели, но едно е сигурно, се очекува ефикасен меч.

Предлог тип: >8.50 поени (1.75)

- Оглас -

Најнови вести