-0.2 C
Skopje
четврток, 22 јануари 2026

Мексико ќе игра на отворањето на Мундијалот, но интересно е кои се можните двојки (Фото)

Првиот натпревар на Светското првенство 2026 ќе се одигра на 11 јуни, на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико сити. Еден од домаќините на Мундијалот ќе биде дел и од првиот меч, а тоа е Мексико, за кого се знае дека ќе биде во групата „А“.

Противник на Мексиканците ќе им биде една од селекциите од третиот шешир, а според имињата, тоа воопшто нема да биде биде атрактивен меч. Можни ривали на Мексико се: Норвешка, Египет, Алжир, Шкотска, Парагвај, Тунис, Брегот на Слоновата Коска, Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија и Јужна Африка.

- Оглас -

Најнови вести