Мексико – Костарика (03:30 часот – Голд куп, четвртфинале)
Костурот во нокаут фазата од Голд купот е толку добро наместен за Мексико, што се чини дека имаат отворен пат до финалето. Костарика не претставува доволно голема пречка за Мексиканците, па затоа вечерва од нив се очекува убедлив триумф во четвртфиналниот дуел. Мексико ги мина групите со максимален учинок, а веќе се чувствува и четвртата последователна победа на шампионатот.
Ова ќе биде втора последователна средба на Мексико и Костарика во четвртфиналето од Голд купот, а Мексиканците минатиот пат се извлекоа со голот на Гвардадо од пенал во 120+4 минута. Овојпат ќе биде сосема поинаку, Мексико ќе остане енигма за Костарика како и во изминативе шест години.
Предлог тип: 1-1 2+ (2.50)
Атланта јунајтед – Монтреал импакт (00:01 – МЛС лига, Исток)
Шампионот не е во посакувана форма, а фактот што ноќеска им гостува вториот најефикасен тим од Истокот треба да ги мотивира да го поправат учинокот. Атланта има само две победи во последните пет меча, а и поразот од Торонто пред два дена им создаде дополнителни проблеми. Монтреал пак, иако има седум порази, досега освои 30 бода и одлично се држи на табелата од Источната конференција.
Сепак, ако се гледа традицијата, Атланта има поголеми шанси за позитивен резултат, бидејќи ги добија три од вкупно четири меѓусебни дуели против Монтреал. Треба да се знае дека Атланта сезонава на домашен терен претрпе само еден пораз, а истотака пред свои навивачи нанижаа пет победи досега.
Предлог тип: 1X & 2-3 (2.30)
Њујорк сити – Филаделфија јунион (01 часот – МЛС лига, Исток)
Можеби звучи чудно, но Њујорк е на шестото место на табелата на Истокот иако во 14 натпревари претрпе само еден пораз. Осумте ремија им одзедоа многу бодови досега, но нема потреба за паника сè додека се во плеј-оф зоната. Веќе 10 меча во низа Њујорк е непоразен, но Филаделфија како лидер од Истокот има намера да стави крај на оваа серија.
Екипата на Јунион засега има одлична сезона и планира до крајот на регуларниот дел да остане на првото место. Во претходните два меѓусебни дуели Филаделфија не успеа да слави, но за идентичните порази од 3-1, подготвуваат одмазда која ќе ја спроведат на култниот „Јенки“ стадион.
Предлог тип: 1+I & 2+II (2.38)
Ди-Си јунајтед – Торонто (02 часот – МЛС лига, Исток)
Торонто со триумфот од 3-2 над Атланта пред два дена конечно стави крај на непосакуваната серија која траеше осум натпревари. Со верба дека најлошото е зад нив, фудбалерите на канадскиот тим ноќеска гостуваат во Вашингтон, каде ќе треба да го спречат искусниот Вејн Руни и неговите соиграчи.
Проблем за Торонто е што им недостасува одличниот голгетер Џози Алтидор, па затоа ќе треба да се најде друг играч кој ќе ја направи разликата на теренот. Но, ако се знае дека Торонто четири меча во низа е без триумф над Ди-Си, нема да биде изненадување ако и вечерва потфрлат во тој обид.
Предлог тип: 1X & 1-3 (2.30)
Сан Хозе ертквејкс – ЛА галакси (04 часот – МЛС лига, Запад)
Нема дилеми дека двете екипи од Лос Анџелес се најдобри на Западот. Галакси е втора сила во оваа конференција, а заостанува само шест бода на табелата зад градскиот ривал. Сан Хозе пак, успеа да остане непоразен во последните пет меча и собра доволно бодови да се наметне меѓу екипите кои целат на пласман во разигрувањата.
Во изминативе 10 години, Сан Хозе и Галакси одиграле голем број натпревари, во кои често приредуваат изненадување, а погодоците не се исклучок. Во четири од последните пет меча во рамки од МЛС лигата, во просек имало по три гола на секој меч, па нека биде така и ноќеска.
Предлог тип: ГГ 4+ (2.10)