Мексико е победник на Голд купот, континенталнто натпреварување на КОНКАКАФ зоната, што за Мексиканците е втора по ред и вкупно рекордна десетта титула во историјата. Во финалето во Хјустон, Мексико беше подобар од САД со 2-1.
Американците беа ослабени со неиграњето на ѕвезди како Пулишиќ, Меккени, Дест, Веа, Балогун, а беа и оштетени во една ситуација во второто полувреме кога не беше досуден пенал за нив по играње со рака на мексикански фудбалер во својот 16-ник.
Домашните поведоа рано со гол на Крис Ричардс, потоа Раул Хименес изедначи и голот му го посвети на својот некогашен соиграч Диого Жота, а победничкиот гол падна во 78-ма минута и тоа откако погодокот првично беше поништен поради наводен офсајд. По интервенција на ВАР, голот на Едсон Алварес беше признат.
Иако мечот се игра Хјустон, САД, околу 70 проценти од публиката навиваше за мексиканската репрезентација.