Фудбалската репрезентација на Мексико до 23 години обезбеди пласман на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Токио откако во финалето од квалификациите на Централна и Северна Америка славеше на пенали против Хондурас У23.
По 120 минути игра, двете селекции беа со израменти сили при резултат 1-1, по што Мексиканците го добија пенал-рулетот со 5-4 откако голманот Хурадо го одбрани ударот на Обрегон во првата серија.
Иако Мексико победи, најубавиот момент на мечот му припадна на Едвин Родригес, кој во 70-тата минута со проектил ја затресе противничката мрежа, по што Мексиканците се вратија во игра со погодокот на Мачијас од белата точка во последните десетина минути од регуларните 90.